Тони Цетински добитник на наградата “Оливер Драгојевиќ” за најдобар пејач!

Written by on јануари 16, 2019

Новата 2019 година за Тони Цетински започна со награда за најдобар пејач која го носи името на легендарниот Оливер Драгојевиќ.

Споменатата награда се доделува од 1992, а од 2016 после смртта на Оливер Драгојевиќ, го носи неговото име.


Тони беше посебно возбуден со фактот, дека наградата го носи името на големиот Оливер Драгојевиќ, а му припадна токму нему, па истакна: “Голема е честа и привилегијата да се прими ваква награда, а истата ќе има посебно место во мојот дом, како што има и Оливер во моето срце. Им се заблагодарувам на сите оние кои помогнаа оваа награда да стигне во моите раце. Низ годините кои се пред нас, ќе настојувам да го оправдам сево ова, како и секогаш. Исто така ќе продолжам да се трудам бирајќи добри песни и соработници, но пред се да останам свој.”

Инаку, Цетински ќе настапи и на првото доделување на регионалните музички награди МАС 2019, кое ќе се одржи на 29 јануари во арената „Штарк“ во Белград.


[There are no radio stations in the database]