Тоалетната хартија како симбол на пандемиското создавање залихи

Written by on март 20, 2020

Од Рамстор до Стокомак, од Скопје до Токио, од Италија, Франција, Америка па се до Австралија, сите, освен макарони, ориз, шекер и масло, задолжително складираат – тоалетна хартија!

Деновиве, откако СЗО објави пандемија на коронавирусот, во некои супермаркети се случувале и вистински битки помеѓу нервозните потрошувачи околу драгоцените ролни. Разните видео-снимки, кои се раширија вирално по глобалната мрежа, посведочија многу веродостојно за оваа досега сокриена човекова опсесија.

Зошто баш тоалетната хартија стана своевиден симбол на актуелново пандемиско создавање залихи? Затоа што е универзален симбол, лесно препознатлив и повоочлив од конзервите грав или пченка, велат психолозите.

-Пакетите со тоалетна хартија се истакнуваат на фотографиите и видеата кои се проширија на социјалните мрежи зашто се јасни и карактеристични, па се манифестираат како симбол на сигурноста – вели Стивен Тејлор, автор на книгата „Психологија на пандемијата“.

Fight against Coronavirus 💪

Fight against Coronavirus 💪LexlayHappy Techno

Posted by MAJKA TI I TATKO TI on Недела, 15 март 2020

-Луѓето чувствуваат дека треба да направатт нешто за да се заштитат себеси и своите семејства, а што друго да сторат, освен да ги мијат рацете и да бидат во изолација? Да се снабдат со тоалетна хартија – вели овој професор на универзитетот Бритиш Колумбија.

Еволуциски, пак, додава Тејлор, имаме аверзија спрема нешта кои ни предизвикуваат гадење, а тоа чувство се засилува кога луѓето се чувствуваат загрозени од ширење на некоја зараза.

-Тоа е дополнителна причина за поврзувањето со тоалетната хартија. Зашто нејзиното значење е избегнување на таквото чувство на гадење – вели Тејлор.

Економистите, пак, имаат поинакво толкување. Според нивната теорија луѓето се наклонети кон борба против помала опасност за да избегнат соочување со ризик кој бара поголем и поскап ангажман. Фарасат Бохари, стручњак за економија на здравјето од британскиот универзитет на Источна Англија вели дека со ваков шопинг луѓето со малку пари сакаат да имаат контрола.

-Во маркетите го купуваме тоа што можеме да си го дозволиме, што можеме долго да го чуваме, а сигурни сме дека ќе го употребиме – вели Бохари.

Зрело размислувајќи, во услови кога знаеш дека извесно време ќе мора да поминеш во изолација некои работи стануваат многу важни.

Во меѓувреме и многу вицови се појавија токму предизвикани од оваа сеопшта јагма по тоалетната хартија. Еве еден твит, инспириран од овој нов пандемиски феномен.

„Гледам еден во супермаркет влече најлонска вреќа полна со тоалет-хартија и му се пуштив, како не ти е срам, му велам, не да оставиш за другите, а тој ме гледа бело и вели – госпоѓо, јас работам во маркетов“.


[There are no radio stations in the database]