Тијана и Фрајле заедно во „Негатив“

Written by on април 6, 2019

Пред некој ден имавме информација дека годинава кога прославуваат 10 години јубилеј, „Фрајле“ подготвуваат многу изненадувања за своите фанови.

Во план им е нов албум, многу концерти, но и интересни соработки.

Првата соработка беше со хрватската пеачка Вана. Имено, „Фрајле“ и Вана заеднички го обработија хитот на Вана, „Ако је вриједило ишта“.

Веќе ја имаме и втората соработка и тоа со нашата Тијана и нејзината песна „Негатив“.

Имено, девојките од групата „Фрајле“ заедно со Тијана направија уште едно ремек-дело од истата нумера и совршено спакуван видеоспот.


[There are no radio stations in the database]