Тијана за роденден се почести со нова песна

Written by on февруари 5, 2019

Македонската пејачка Тијана Дапчевиќ која со години работи во соседна Србија, ја промовираше својата нова песна „Презир“.

Промоцијата на песна се совпадна со роденденот на пејачката која е родена на 03 февруари 1976 година.

„Нека ми е среќен роденденот. Наместо торта – нова песна, од истите автори што ја направија „Ресет“, оти екипата што создава магија не треба да се менува. Слушајте, уживајте и пишувајте ми – читам се и ве следам сите“, напиша пејачката покрај видеото.

Автор на текстот и музиката на песната е Александар Делиќ, а аранжманот го изработи Махир Сарихоџиќ.


[There are no radio stations in the database]