Тајчи со своите пријатели го отпеа познатиот хит од Евросонг!

Written by on мај 8, 2020

Хрватската пејачка Тајчи, која ја претставуваше Југославија на Евросонг во 1990 година со песната „Хајде да лудујемо“, и го освои седмото место, остана запаметена по овој евровизиски хит.

Деновиве, таа ги собра пријателите и реши сите заедно да ја отпеат оваа песна.

Во новата карантинска верзија, покрај Тајчи, можете да ги видите и слушнете и нејзината помлада сестра Сања Матејаш, а тука се и Алка Вуица, нашата Тијана Дапчевиќ, Фрајле, сестрите Ивана Хусар Млинац и Марија Хусар Римац, Доменика Жувела, Миа Димшиќ како и познатата американска блогерка Кристина Кузмиќ.

Инаку, песната која опстојува 30 години на музичката сцена, песна со која пораснаа многу генерации, ја напишаа Зринко Тутиќ и Алка Вуица.


[There are no radio stations in the database]