Тамара по враќањето од Тел Авив : „Никој не доминираше повеќе од нас на Евровизија“

Written by on мај 20, 2019

Тамара Тодевска која со песната „Проуд” го освои осмото место и највисокиот пласман на земјава досега на Евровизија, синоќа се врати од Тел Авив во Скопје.

фото: Тамара Тодевска фб

Таа и нејзиниот тим околу полноќ беа пречекани од членовите на нивните семејства, бројни обожаватели и претставници на медиумите на Меѓународниот аеродром во Скопје.
Се фотографираше со сите, а потоа кратко се обрати и кажа дека нејзиниот резултат на годинешниот Евросонг е резултат на тимската работа и добрата подготовка во целиот тој период.Тамара се заблагодари и на своите фанови на фејсбук.
„Среќна сум што сите бевме обединети изминативе денови и што ве направив горди. Ви благодарам. Тоа што го видовте на евровисискиот настап е резултат на тимска работа, посветеност и љубов. Никој не доминираше повеќе од нас на оваа Евровизија. “, кажа Тамара Тодевска по пристигнувањето во Скопје.


[There are no radio stations in the database]