Тамара и Билбилов со нова песна-“Светот е”

Written by on мај 10, 2020

Роберт Билбилов и Тамара Тодевска ја изненадија македонската публика со нивната заедничка песна “Светот е”.

„Нека ми е среќен роденденот. Не можеше подобро да ја обележиме нашата 20-годишна соработка, љубов и недоразбирања“ напиша меѓу другото на фб Роберт.

Тој вели дека ова е песна за безвременска љубов, каква што сите посакуваат.

Во спотот се појавуваат двете деца на Тамара, нејзината сестра Тијана Дапчевиќ и внукот Вук, како и други познати личности меѓу кои и Катарина Ивановска, Васил Гарванлиев, Александар Тарабунов, Антониа Гиговска, Александра Јанева, Миа Костова и дел од ѕвездите од „Дајте музика“.

 

“Светот е” е авторско дело на Роберт Билбилов а режисер на спотот е Зоран Зонде Стојановски.


[There are no radio stations in the database]