Тамара го промовираше спотот за “Слобода”!

Written by on јуни 20, 2020

„Слобода е во мода, дечки!“- вака Тамара Тодевска го најави објавувањето на песната “Слобода”, а таа вчера на својот фб профил го најави и спотот за истата.

Автор на музиката е Роберт Билбилов, текстописец е Игор Џамбазов, а аранжманот е на Дарко Димитров.

Спотот е сниман во Музејот на современа уметност во Скопје и во режија на Зоран Зонде Стојановски.

“Слобода” е инаку прва македонска песна од новиот, трет по ред албум кој треба да биде готов до крајот на летото.

“Слобода” има и своја англиска верзија “Rise”, а се очекува и српска верзија.


[There are no radio stations in the database]