Тамара влезе во финалето на Евровизија

Written by on мај 17, 2019

Тамара Тодевска се пласираше во финалето на Песна на Евровизија со композицијата „Горда“ (Proud). За првпат по седум години Северна Македонија ќе има свој претставник на финалната вечер.

Македонската претставничка Тамара Тодевска се најде меѓу десетте полуфиналисти кои обезбедија пласман на финалната вечер на натпреварот за Песна на Евровизија кој се одржува во Тел Авив. Израелскиот главен град и донесе среќа на Тамара која настапи со песната (Proud). Северна Македонија последен пат се најде во финалето со настапот на Калиопи во 2012 година.

„Ние сме многу горди. Јас сум многу горда на мојот тим, на мојата земја. Бидете горди и никогаш не ја кријте вашата големина“, порача Тамара на прес-конференцијата по настапот.


[There are no radio stations in the database]