„СKAрантин“ забава со „Суперхикс“!

Written by on мај 6, 2020

Во последниот викенд од април месец, ска-составот „Суперхикс“ ги повика своите пријатели, фанови и сите други кои сакаат да направат кратко видео како танцуваат на нивниот најнов сингл „СKAрантин“ со семејството, сами или со пријателите.

 

„Истите видеа ќе ги вклучиме во официјалниот спот“, соопштија тогаш од „Суперхикс“.

И како што ветија, така и направија дечките од „Суперхикс“.

Весела песна, препознатлива за нив со официјалното „карантинско” видео за синглот.

 

Голема благодарност до сите фанови што ни испратија видеа како танцуваат на “СКАрантин” и се дел од ова музичко “карантинско” видео, велат во описот на видеото од Суперхикс.

Уживајте во новата песна на „Суперхикс„ – „СКАрантин“, забавувајте се и чувајте се!


[There are no radio stations in the database]