„Суперхикс“ со восочни фигури и нов сингл!

Written by on февруари 6, 2020

„Суперхикс“ добија свои восочни фигури со нивна автентична големина и изгледаат неверојатно реални.

Прекрасната изработка на восочните фигури може да им парира дури и на совршените восочни фигури кои што ги има музејот Мадам Тисо во Лондон.

Поминувајќи пред излогот каде што беа поставени фигурите, Ана им го сврте вниманието на момците и ги натера да запеат за неа.

Доколку се прашувавте претходните неколку денови каде се поставени нивните восочни фигури, одговорот е следен: „Суперхикс“ снимија нов музички спот за песната „Ана“.

Во спотот тие се восочни фигури, комплетно прекриени со пајажини, заборавени од сите и оставени на забот на времето.

Но, момците оживуваат благодарејќи на една Ана која што ја глуми Сара Анастасовска.

Ана вози велосипед и продава букети цвеќиња на минувачите пред излогот каде што се поставени восочните фигури.

Ова е дел од приказната во новиот видео спот за песната „Ана“ на составот „Суперхикс“.

Целосната замисла на концептот за спотот е на „Суперхикс“, а е во продукција на „Фокус Покус Филмс“.

Сценографијата е на Вања Бартлинг, со асистенција на Андреј Бартлинг, Димитар Јакимовски, Александра Петкова, Симо Бранов, Борис Минов.

Костимографијата е на Жаклина Крстевска, а шминката која што ги долови восочните лица на членовите на „Суперхикс“ е на Златица Поповска.

Режијата и монтажата на видеото е на Благоја Неделковски, како кинематографер се појавува Димо Попов М.А.К., а асистент на камера е Раде Гогоски.

За светлото се погрижија Тоде Ивановски и Александар Бошев (Про Лајт), а целосната организација е на Никола Христовски и Методија Лазаревски.

Големи благодарности упатија до Никола од Ван Гог за учеството, идеите и мотивацијата кои што придонеле за успех на проектот.

Целосната екипа која што работеше на музичкиот спот е задоволна од успехот и креативноста на целиот проект и резултатите од него затоа што видеото е иновативно и необично.

„Суперхикс“ продолжуваат со работа и во овој век, со турбо работа, нови песни и спотови за своите фанови, но и за новите генерации кои што доаѓаат.

На крајот порачуваат дека секој треба да си има една „Ана“ која што ќе го оживее и ќе му даде желба за творење.


[There are no radio stations in the database]