Суперхикс пред 25-тиот роденден со нов сингл „Модерна љубов“

Written by on февруари 22, 2019

„Суперхикс“ на трети март во Младинскиот културен центар во Скопје ќе одбележи 25 години од својот прв настап во некогашниот „Доорс“ во Дебар Маало.

Банда инструментале на истиот ден, 03-ти март, во 1994 година за прв пат го размрдаа Скопје.

Во пресрет на овој концерт бендот објави нов сингл „Модерна љубов“.

Видеото и песната се снимени во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски во Скопје.

За прв пат како редовен и нов член на бендот во песната учествува и Стефан Алексовски на клавијатури, информираат од бендот.


[There are no radio stations in the database]