„СудБина“ – новиот сингл на Васил Гарванлиев!

Written by on јануари 30, 2021

Македонската радио телевизија официјално објави дека Васил Гарванлиев повторно ќе ја претставува Македонија на Евровизија.

Од МРТ велат и дека бројот на земји учеснички за „Евровизија 2021“ е идентичен како и за претходната, која за жал не се одржа од причини добро познати за сите нас, предизвикани од светската пандемија со новиот коронавирус и беше заменета со алтернативно музичко шоу.

И додека сме во исчекување за евровизиската песна, нашиот претставник Васил Гарванлиев, објави видео спот за неговата нова песна „СудБина“ од истоимениот албум кој е во завршна фаза.

Тој на својот фб профил напиша: „СудБина….Родени голи , сè друго е Суд и Бина.

Драги пријатели со задоволство ви го претставувам мојот најнов проект, и носечка песна на албумот “СудБина” албум кој е е во завршна фаза и се работи со многу љубов.“

Музиката е на Александар Јовевски, текст на Давор Каракашев, видео на Ѓорѓи Вацев, кореографија на Ивана Балабанова и Битрикс.

Зад прекрасните костими и стајлинг стои Методија Коцев, а за шминката е одговорен Александар Миндев.

„Овој пат приказната на спотот ја раскажав јас“, вели Васил, кој сега ќе го видиме и во улога на режисер.

 


[There are no radio stations in the database]