Стинг со нов албум доаѓа во Скопје

Written by on мај 30, 2019

Британскиот музичар Стинг го издаде 14 студиски албум, кој всушност е новото второ издание со веќе познати песни спакувани во нов аранжман.

Првиот ваков албум насловен „Simphonicities” Стинг го издаде во 2010 година.

Новиот албум се вика „My songs“ и излезе на една недела пред големиот скопски концерт.

Содржи 15 обработени верзии на најпопуларните песни од кариерата на музичарот, и од времето кога беше дел од „Полис“, но и како соло музичар.

Токму овие песни ќе бидат во фокусот на неговата истоимена европска турнеја, која започна на 28 мај во Париз и ќе трае до 2 септември.

По Софија, Скопје е третата станица на турнејата и единствен град каде што Стинг ќе одржи стадионски концерт.


[There are no radio stations in the database]