Стасува поддршка – морална и парична

Written by on март 17, 2020

Секој славен лик помага на свој начин во сеопштата, планетарна битка со новиот вурус

Корејскиот режисер Бонг Ју Хо донираше 100 милиони вони (83 илјади американски
долари) на организацијата за спречување болести Хоуп бриџ. Донацијата е искористена за
набавка и дистрибуција на маски и дезинфициенси за социјално загрозени луѓе во Кореја,
второрангираното азијско жариште по распространетоста на корона вирусот, по кинескиот
град Вухан.

Уште неколку корејски ѕвезди донираа на истата организација во настојување
да се учествува и помогне во спречувањето на ширењето на новата здравствена закана.
Други славни личности помагаат – нематеријално, проширувајќи ги препораките на
здравствените власти и влијаејќи кон нивното пошироко и подисциплинирано прифаќање
во јавноста. Леди Гага е позната дека сака да ги поминува викендите со своите родители,
баба и дедо, но поради рапидното ширење на епидемијата на корона вирусот – наскоро
нема да го стори тоа.

Заедно со фотографија, снимена кај нејзе дома, заедно со нејзините кучиња, славната
пејачка, која неодамна го лансираше синглот „Stupid Love“ – водечки на нејзиниот нов
албум во најава, порача:

„Не е најлесното, но најдоброто нешто што можете да го сторите е да се самоизолирате и
да не се мешате многу со луѓе над 65 години, ниту пак во големи групи. Би сакала да ги
видам моите родители и баба ми и дедо ми, но многу побезбедно за нив е да не го сторам
тоа во случај да сум го добила некаде вирусот“, напиша Леди Гага.

Моделот Наоми Кемпел и актерката Гвинет Палтроу на своите Инстаграм профили,
објавија фотографии од нивните неодамнешни патувања, на кои се сликани – Палтроу со
маска преку лицето, а Кемпбел со целосна заштитна облека.


[There are no radio stations in the database]