„Срце се не предаје“ за убав крај на 2020-та од Маријан Бан и Тонка!

Written by on декември 1, 2020

На хрватската музичка сцена се појави совршена музичка комбинација-интересен дует, а тоа се Маријан Бан и Тонка и песна од Срѓан Секуловиќ Сканси, кој со години ја чувал, како што вели, во фиока, а сега конечно е пред нас и можеме да уживаме во прекрасната изведба.

Воодушевен од „Срце се не предаје“, Маријан Бан вели: „Кога првпат ја слушнав песната, на некој начин бев шокиран затоа што во неа слушнав една радост, и една среќа што човекот ја носи со себе кога го води срцето, кога го води љубовта“.

И Тонка, (Антониа Матковиќ Шериќ, екс пејачка на бендот Павел) не ја крие радоста од добиената шанса за уште еден одличен дует и притоа изјави дека била почестена од можноста да пее со Бан- „ Ја сакам таа негова драма во вокалите, неговиот длабок глас  совршено се вклопи во песната“.


[There are no radio stations in the database]