„Сретан пут“ – третиот албум на Миа Димшиќ

Written by on декември 10, 2019

Хрватската поп sвезда Миа Димшиќ, која со албумите „Живот није сив“ и „Божично јутро“, освои седум награди Порин, минатата недела го издаде својот трет студиски албум, насловен „Сретан пут“.

Новиот албум содржи десет прекрасни песни, со кои ќе патувате на некои поубави места, каде животот не е сив, изјави Миа Димшиќ.

Инаку и ова студиско издание, младата пејачка го работи со добро проверена екипа, меѓу кои се и  Дамир Бачиќ, и Вјекослав Димтер.

За песната „Помиче се сат“, која ја слушате како хит на Радио Бубамара, сними и спот во режија на Борис Секулиќ.


[There are no radio stations in the database]