„Спомени“ од Горан Папаз и Танче Гроздановски

Written by on март 29, 2019

„Спомени“ е новиот сингл, a воедно и најава, за новиот проект на дуото Горан Папаз и Танче Гроздановски.

Се работи за емотивна и елегична мелодија која е инспирирана од убавите моменти кои им се случувале во минатото, на двајцата музичари. Одсвирена е само од саксофон и гитара.

Автор на музиката е Горан Папаз, а за аранжманот и продукцијата се погрижи Танче Гроздановски.

Папаз и Танче, инаку во меѓувреме го подготвуваат новиот проект кој ќе носи наслов “Елегија”, на кој ќе се најдат десетина композиции, авторски и преработки на изворни елегични македонски песни.

Албумот треба да биде готов ова лето, на него на пијано ќе гостува маестро Иван Еминовиќ, диригент при Македонска Опера и Балет.

Видеото за „Спомени“   е изработено од страна на Мега Продукција, под режисерската палка на Ѓоко Наумовски.


[There are no radio stations in the database]