Сплит се прости со Оливер Драгојевиќ

Written by on август 1, 2018

Граѓаните на Сплит, но и цела Хрватска вчеравечер приредија свечено испраќање на Оливер Драгојевиќ, кој денеска во 18 часот ќе биде погребан во Вела Лука, Корчула.

Славниот музичар, кој во неделата во раните утрински часови почина од рак на белите дробови, беше испратен од звукот на бродските сирени, но и со стиховите од своите најголеми хитови.

По вчерашната комеморација во хрватскиот народен театар во Сплит, бројни граѓани, но и членовите на семејството и пријателите на Оливер Драгојевиќ, со молитва и негови песни го испратија до Св. Никола, од каде испловил кон Вела Лука со катамаран.

Svoju zvizdu🌟 slidi…..Split💔 #oliverdragojevic

A post shared by Sia Zadar ⭐🍀🐞 (@siazadar) on


[There are no radio stations in the database]