Со фантастичен концерт на д-р Неле Карајлиќ почнa Таксират

Written by on декември 1, 2018

На 29-ти ноември, во преполната и распродадена „Дансинг Сала“ во Младинскиот Културен Центар во Скопје, публиката на Таксират фестивал имаше исклучителна можност да биде дел од фантастичниот концерт на една од најголемите музички легенди во регионов, д-р Неле Карајлиќ.

Извонредниот мултимедијален уметник настапи во Скопје по речиси 25 години од неговиот последен концерт кај нас, во оваа прилика за отворањето на јубилејниот 20-ти Таксират, а неговото враќање пред македонската публика по толку години, дополнително придонесе за најпозитивниот емотивен набој во публиката која повеќе од два часа уживаше во репертоарот сочинет од најголемите хитови кои ја одбележаа младоста на генерации музички фанови.
Сејугословенската легенда Неле Карајлиќ од „Забрањено Пушење“, „Топ листа надреалиста“, New Primitives, No Smoking Orchestra и т.н., приреди незаборавна концертна вечер на која во еден глас се пееја рефрените на „Недеља кад је отишао Хасе“, „Ибро Дирка“, „Пишоња и Жуга“, „Зеница Блуз“, „Гузоњин Син“, „Дјевојчице којима мирише кожа“, „Жени нам се Вукота“ и уште многу други, а сите ние во публиката не можевме да посакаме подобра атмосфера за отворањето на годинашниот 20-ти Таксират.

[There are no radio stations in the database]