„Слобода“ – Тамара Тодевска (Аудио)

Written by on мај 29, 2020

Тамара Тодевска, на 27 мај, на фреквенцијата на радио Бубамара, ја промовираше својата нова песна „Слобода“.

Автор на музиката е Роберт Билбилов, текстописец е Игор Џамбазов, а аранжманот е на Дарко Димитров.

По феноменалниот европски успех на „Proud“ и „Monsters“, „Слобода“ е прва песна на македонски јазик, од новиот, трет по ред албум на Тамара, кој треба да биде готов до крајот на летото.

Песната инаку има три верзии, македонска, српска и англиска насловена како „Rise“.

Досега песната можевте да ја слушате на радио Бубамара, од денес е со (Lyrics Video) на You Tube, а спотот за песната ќе ја има својата премиера за околу две недели.


[There are no radio stations in the database]