Слаткар со нов сингл „Јас имам некој“

Written by on октомври 26, 2019

Марко Маринковиќ-Слаткар беше гостин во новата епизода на „Дајте музика“, каде ја промовираше новата песна „Јас имам некој“.

Децата-артисти од популарната емисија заедно со Слаткар ја пееја песната и вистински се забавуваа.

Инаку, Слаткар за новата нумера сними и вертикален видеоспот, односно селфи-спот, нешто што во последно време е тренд на светската сцена.


[There are no radio stations in the database]