Скопје се сеќава-56 години од катастрофалниот земјотрес!

Written by on јули 24, 2019

Град Скопје вчера ја објави програма за одбележување на 56 години од катастрофалниот земјотрес.

На 26 јули во Градскиот парк ќе се одржи концерт на кој ќе настапат неколку балкански ѕвезди: Влатко Стефановски, Танос Ставридис (најпознатиот грчки accordion (хармоника) музичар), Биља Крстиќ и Биг Бенд.

-„26 јули е денот кога се потсетуваме на еден тажен момент од животот на Скопје. Но, тоа е и ден кога треба да го славиме животот, да ја славиме хуманоста и подадената човечка рака. Никако не треба да ја заборавиме светската мобилизација за помош на Скопје и негоите жители. Исто така, овој ден е значаен бидејќи треба секогаш да се потсетуваме дека нема играње со приридата и дека ова може да му се случи секому.
И по 56 години важно е да се чествува овој ден и сите да се потсетиме на тоа што се случило. Важно е да ги потсетуваме и младите генерации на она што светот го направил за нас, зашто сама така ќе ги научиме што значи хуманост и подадена рака во тешки моменти.
Овој ден не го нарекуваме прослава, ниту пак чествување. 26 јули е ден на хуманоста, ден на добрите дела и ден за сеќавање на сите што не се повеќе со нас“-велат од Град Скопје.


[There are no radio stations in the database]