Синглот “Udari me nečim” е најава за новиот албум на Бомбај Штампа!

Written by on јуни 4, 2020

Култната сараевска група Бомбај Штампа ја воодушеви публиката со новиот сингл “Udari me nečim”, кој e всушност најава за истоимениот албумот, кој наскоро ќе го претстават овие вечни рокери.

По објавувањето на песната „Samo lagano“ на почетокот на 2019 година, која беше слушана и пеена низ целиот регион минатото лето, Бомбај Штампа го најави пристигнувањето на новиот албум насловен “Udari me nečim”.

Сепак, публиката ќе мора да почека на албумот поради коронавирусот, а дотогаш ќе можат да уживаат во насловниот сингл.

Музиката за новата песна ја направи Недим Бабовиќ, додека тој и Ѓуро го напишаа текстот заедно.

Песната е снимена во музичкиот центар Павароти во Мостар, а Бабовиќ ја миксаше во неговото домашно студио.


[There are no radio stations in the database]