Се снима спот за новиот летен хит на Жељко Самарџиќ и бендот „Црвена јабука“!

Written by on јули 8, 2020

После долго одложување поради пандемијата со коронавирусот, најпосле во Скопје  започна снимањето на високо-буџетското видео за дуетската песна на Жељко Самарџиќ и бендот „Црвена јабука“ со наслов „Алеје љубави“.

Автор на музиката и текстот е Мирко Шенковски-Џеронимо, а аранжманот е на Мирослав Столица.

Покрај Скопје, планот е во текот на летото да се снима и во Белград, Сараево и Загреб….. а, Харис Дубица е задолжен за визуелниот спектакл кој со нетрпение го очекуваме.

Во екипата која работи на спотот е и нашиот режисер Даниел Јовески, кој во меѓувреме објавува интересни фотографии на својот фб профил.

#serbianmarket🎥🎬Спот за дуетската песна на 🍎 Crvena Jabuka band ft Zeljko Samardzic , и моја прва соработка со режисерот Haris Dubica! 🙌Огромна е честа да се снима со најголемите идоли од моето детство! 🙏

Posted by Daniel Joveski on Вторник, 07 јули 2020


[There are no radio stations in the database]