Сергеј Ќетковиќ порачува „Пусти проблеме“

Written by on септември 16, 2019

Еден од најпопуларните кантавтори Сергеј Ќетковиќ, заедно со пријателите од “Who See“, ова лето ги изненади своите обожаватели со вистински летна песна која е поинаква од се досега што има снимено.

Станува збор за синглот „Пусти проблеме“, за кој музиката ја компонираше самиот Сергеј, а во пишувањето на текстот му помогнаа момците од „Who See“ – Марио и Дејан.

Новата песна е специфична комбинација на поп и хип-хоп звук со медитерански ритам кој сепак и дава интересен ретро призвук.

Позитивната енергија се слуша и се гледа и во спотот снимен под режисерската палка на Желимир Крижов.


[There are no radio stations in the database]