Селин Дион ја започна светската турнеја со нови песни

Written by on септември 20, 2019

Канадската дива Селин Дион, ја започна светската турнеја завчера вечерта во Квебек Сити, родната Канада, промовирајќи три сингла-„Courage“, „Laying Down“ и „Imperfections“.

Овие песни ќе се најдат на нејзиниот нов студиски албум со име „Courage“, а кој на музичкиот пазар треба да се појави на 15- ти ноември.

За новиот албум, петкратната носителка на „Греми“, изјави дека е посебен, бидејќи е инспириран од нејзиниот живот по смртта на нејзиниот сопруг.

Инаку, за турнејата која го носи истото име како и претстојниот албум, вели дека е возбудена од можноста да создаде целосно нов спектакл кој ќе им го презентира на своите обожаватели не само во Северна Америка, туку и во целиот свет.

Во продолжение слушнете ги новите песни на Селин Дион.

 


[There are no radio stations in the database]