Свечено за јубилеј: „Бајага и Инструктори“ со четири концерти во Сава Центар

Written by on ноември 26, 2019

„Бајага и Инструктори“ најавија дека ќе одржат на 5 декември специфичен концерт во белградскиот Сава Центар насловен „Концерт со рок група, хор и оркестар“, под диригентската палка на маестро Војкан Борисављевиќ, и тоа по повод  одбележување на јубилеј, 35 години постоење на бендот.

Но, по експресно распродадениот прв концерт, закажаа втор на 6 декември, а потоа уште еден на 8 декември.

Бидејќи интересот не стивнуваше и го распродадоа и третиот концерт, „Бајага и Инструктори“, додадоа уште еден термин, за четврто дружење на 9 декември.

Инаку, популарниот рокер, изјави дека во план им е вакви концерти да одржат и во Љубљана, Нови Сад, Бањалука, Скопје, Загреб и во други градови во регионот, и тоа секаде со локални оркестри.


[There are no radio stations in the database]