Светската ѕвезда Андре Риу повторно во Скопје!

Written by on март 10, 2020

Андре Риу, холандскиот „крал на валцерот” и човекот кој овозможи класичната музика да е достапна за сите, заедно со својот оркестар „Јохан Штраус”, во ноември повторно ќе настапи во Скопје како дел од својата светска турнеја.

„Јас и мојот оркестар сме многу радосни за повторното гостување во Скопје во склоп на нашата светска турнеја. Концертот во 2019-та беше навистина емотивен и незаборавен, а прекрасната публика не’ пречека со огромен ентузијазам. Со нашето враќање во ноември ја прославуваме љубовта, животот и секако, музиката” – вели Андре Риу.

Андре Риу верува дека класичната музика е создадена за сечие уживање, па преку својата умешност, на забавен начин, ја приближува до сите возрасти. Токму поради таа причина, Андре е еден од најдобрите изведувачи на нашето време.

Настанот ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“ на 27-ми ноември 2020 година.


[There are no radio stations in the database]