Саша Ковачевиќ со уште еден летен хит!
Written by Р.Б. on јули 28, 2020
Популарниот пејач Саша Ковачевиќ објави уште една песна од неговиот нов албум.
Станува збор за синглот насловен „Она“, во кој како и во претходните три, остана верен на латино поп ритамот.
Музиката ја работеше заедно со неговиот брат Раде Ковачевиќ, додека стиховите ги напиша Милош Рогановиќ.
Видеото е снимено во Доминиканската Република и верно прикажува возбудлива љубовна приказна за која пее Ковачевиќ.