Саша Ковачевиќ со нова латино балада!
Written by Р.Б. on мај 18, 2020
Саша Ковачевиќ ја објави и втората песна од проектот „Метаморфоза“, со наслов „Моја малена“.
Станува збор за преубава балада во латино ритам и видео со љубовна приказна.
Фановите задоволни и од звукот и ритамот на песната, но и од видео прикаската во која е отсликана тропската атмосфера на Доминиканската Република.
Музиката за новата песна е дело на Саша и Раде Ковачевиќ, текстот го напиша Милош Рогановиќ, а интересна е и соработката за оваа песна со латино музичарот Ромео Сантос, попознат како „King of the Bachata“.