Рундек и Екипа со нов албум и спот за „Мила“!

Written by on декември 9, 2020

Долго најавуваниот и со нетрпение очекуван нов албум, двојниот ЕП „Брисани простор“ (Менарт), на Рундек и Екипа, од понеделник, 7 декември, е достапен во физичка продажба, на интернет преку веб-продавницата, но и на сите стриминг сервиси.

Целиот албум е раскажан преку две приказни: „До“ и „Од“, кои се надополнуваат една со друга и слушателот може да го избере нивниот редослед. Пет песни има на едното, а пет на другото ЦД.

Ликовите во овие приказни се наоѓаат во избришаниот простор помеѓу крајот и почетокот, …Тие зборуваат за глобалното на интимен начин, зборуваат за универзалното на личен начин, зборуваат за општото на специфичен начин. Содржината на албумот како целина одекнува силно со времето и турбуленциите што го тресат сегашниот момент.

И на претходните албуми, Рундек соработуваше со Карго Оркестар и Трио, во однос на музиката, а ова е прв албум по Хаустор, на кој се појавуваат композиции и текстови на друг автор, а тоа е Рок Црниќ, кој всушност е автор на песната „Мила“.

 


[There are no radio stations in the database]