„Румена“ – авторско дело на скопскиот бенд Хаусмастерс!
Written by Р.Б. on февруари 19, 2021
Хаусмастерс, скопски бенд составен од музичари од повеќе музички сфери и бендови.
Cвират фанк, поп и new jazz.
Михаил Парушев како автор на групата, продуцент и ритам селектор, Ѓоле Грујоски на гитара со своите силни делници, Дамир Имери со целосен склоп на хармонија и импровизација, Трајко Симоновски како гостин на бас гитарата и Драган Трајковски со својот специфичен вокал, ја снимија песната секој во своето студио.
„Румена“ е авторско дело создадено 2020, а реализацијата на ова музичко парче од нашите еминентни музичари, се случи овој месец, февруари 2021 година.
Таа е носечка тема на новиот проект на ХАУСМАСТЕРС.