Рок-симфонија со Дани за 20 години музичка кариера

Written by on март 5, 2019

По повод 20 години на македонската музичка сцена, поп-пејачката Дани Димитровска ќе одржи јубилеен концерт на 7 март, во 20,30 часот, во Македонската филхармонија.

Нејзините хитови ќе прозвучат поинаку, симфониски,заедно со филхармонискиот оркестар и под диригентската палка на Бисера Чадловска.

,,Срца две”, ,,Најдобра до сега”, ,,Што до тогаш”, ,,Не живеам за другите” и многу други нумери кои оставија трага на домашната, но и регионална сцена ќе бидат изведени на концертот.

Во меѓувреме, актуелна е и новата балада ,,Време”, за која Дани вели дека е инспирирана од емотивната реалност, во која се поставува прашањето дали времето е единствениот лек за болката.

За истата песна е снимен и спот.

-„Време“ е цел роман во кој се опишани десетици години… „Време“ е песна која останува за навек – вели Дани, која периодов се подготвува за дружбата со публиката.


[There are no radio stations in the database]