„Рајска градина“ е новата интимна балада на Љолес!

Written by on септември 2, 2020

„Рајска градина” е третa песна на македонскиот музичар Саше Љолес, која всушност е и најава за албумот кој треба да се појави некаде до крајот на годината.

– Станува збор за интимна песна создадена за најблиските луѓе, оние што ви се секојдневие и што зрачат љубов и добрина, ….. изјави  Љолес .

Музиката и текстот се негови, а во аранжманот учествуваа и Владимир Чадиковски – Црни, Александар Ванчовски – Џигер, Мартин Јосиговски и Петар Лукиќ.

Снимена е во јуни и јули во студиото на Нино Спиркоски.

Придружните вокали ги пее Светлана Јовановска.

„Рајска градина” е пропратена со интересно видео кое го изработи Иван Куртевски – „Мелем продукција“.

Имено, сликите користени во видеото се на уметникот Константин Качев, кој воедно е дел од најтесното семејство на Саше Љолес.


[There are no radio stations in the database]