Раде Шербеџија го промовираше спотот за последниот хит

Written by on септември 10, 2020

Еден од најпознатите балкански кантавтори Раде Шербеџија го промовираше спотот за неговиот последен сингл Ето пјесма (Ете песна).

Легендарниот актер и музичар ја отпеа песната што за него ја напиша Хусеин Хасанефендиќ, а музиката и текстот во интерпретација на Шербеџија ги воодушеви сите негови симпатизери.

Спотот беше работен во прекрасна атмосфера, каква што обично владее на снимањето на новите песни. Снимател е Данило Шербеџија, познат режисер и добитник на Златна арена за филмот Тереза 37 на овогодишниот Пула Филм фестивал. Во работата на спотот учествуваа и други одлични музичари од неговиот Западни колодвор бенд: Давор Смотке Смоталиќ (перкусија и придружни вокали), Дарио Хлеб (бас гитара), Марио Игрец (гитара), Антун Сташиќ (виолина, придружни вокали), Марјан Крајина (хармоника) и гостинот Дадо Маринковиќ (тапани). Песната ја сними, миксаше, мастерираше и продуцираше Смоталиќ, во своето студио.

Синглот Ето пјесма е најава за претстојниот студиски албум на Шербеџија на кој ќе учествуваат и Елвис Станиќ, Дарко Рундек и Дамир Урбан.

Ето пјесма можете да ја слушате на секои два часа на Радио Бубамара, како хит на неделата.


[There are no radio stations in the database]