Психомодо Поп со „Greatest Hits Collection“!

Written by on јули 23, 2020

Хрватскиот бенд „Психомодо Поп“ неодамна го објави синглот „Банана“, петтиот сингл од албумот „Дигитално небо“, кој беше прогласен за најдобар рок албум во Хрватска минатата година.

Пред неколку дена пак, „ Croatia Records“ ја издаде колекцијата „Greatest Hits Collection“ на групата „Психомодо Поп“ со 20 хитови, меѓу кои и „Ја волим само себе“, „Пинокио“, „Фрида“, „Мила“, „Рамона“, „Секси магазин“, ……

Албумите како што се „Година змаја“, „Секси Магазин“, „ Дебакл“ и други,  ќе бидат длабоко врежани во историјата на хрватскиот рок, исто како и бендот Психомодо Поп и нивниот Давор Гобац.

Инаку, откако беа дел од најдоброто рок издание на The Ultimate Collection, популарниот бенд сега заврши и на изданието на Greatest Hits Collection.


[There are no radio stations in the database]