Прославен јубилеј – 50 години постоење на „Нови фосили“

Written by on октомври 3, 2019

На 1. октомври, во салата „Лисински“ во Загреб, бендот „Нови фосили“ одржа голем славенички концерт  на кој одбележаа 50 години постоење на групата.

 

Многу добра музика, емоции и прекрасни музички гости ја исполнија славеничката вечер, на која љубителите на нивната песна се потсетија на „ Старите добри времиња“ кога тие како музичка група владееа со сцените на некогашната држава.

На концертот зема учество Маринко Колнаго , како единствениот член на групата од кога е создадена во 1969 година заедно со Слободан Момчиловиќ, Сања Долежал вокалист, која во групата дојде во 1983 година и Владимир Кочиш Зец како еден од најстандардните членови на оваа група.

За жал меѓу нив не беше Рајко Дујмиќ , авторот на најголемите хитови на оваа група , кој во последните неколку години има здравствени и семејни проблеми .

Во текот на тие изминати 50 години во групата доаѓаа и заминуваа музичари кои оставија белег со своето присуство . Некои од нив заминаа во  „ вечните ловишта“ како вокалистката  Ѓурѓица Барловиќ, основачот на бендот Слободан Момчиловиќ како и последниот тапанар во групата Ненад Шариќ. Но, иако членовите се менуваа, хитовите се редеа и се белег на бендот.

На славеничката вечер имаше многу емотивни моменти, а меѓунив е и појавувањето на сцена на ќерката на Сања Долежал, Леа.

„Приказната за 50 те години  на Новите фосили – За добрите стари времиња“ќе ја слави музиката , традицијата и љубовта, за сите генерации.

И да потсетиме- токму Сања Долежал и Владимир Кочиш Зец, беа гости на минатогодишната манифестација „ Златна Бубамара на популарноста“, како претставници на „Нови Фосили“ и се закитија со наградата за Животно дело, а нивниот настап беше награден со бурен аплауз од публиката.

 


[There are no radio stations in the database]