ПРОМОВИРАНИ СПОТОТ И ПЕСНАТА „РАСТЕМЕ ЗАЕДНО“ ПОСВЕТЕНА НА ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ

Written by on мај 15, 2019

Со желба за подигање на јавната свест за лицата со аутизам, прифаќање на нивната различност и вклучување во општеството, невладината организација „Аутизам ААМК“, во соработка со бројни македонски уметници, ја создадоа песната „Растеме заедно“. Песната и спотот се од хуманитарен карактер и во нивното сoздавање сите учесници учествуваа доброволно.
„Растеме заедно“ е авторско дело на текстописецот и композитор Весна Малинова Бабамов, аранжманот е на Дарко Тасев, клавијатури Влатко Георгиев, виолина Филип Волкан.
Песната е снимена во студиото AleXanDeR на Александар Ристовски Принц.
Учесници се (редоследно како во песната): Кристина Арнаудова, Весна Гиновска Илкова, Никола Перевски Пере (Нокаут), Лилјана Атанасова Лили, Дани Димитровска, Miyatta, Драган Спасов Дац, Петар Младеновски (Суперхикс), Филипа Гелевска, Горан и Ана Трифуновски (Пеперминт), Бранислав Николов (Фолтин) и Ева Ѓорѓеска.

Сценариото и режијата на спотот се на Koma design studio – Ѓорѓе Јовановиќ, Александар Јосифовски и Небојша Гелевски.


[There are no radio stations in the database]