Приказната за „Јовка кумановка“ е новата преработка на „Некст тајм“

Written by on октомври 14, 2019

Дуото Некст Тајм во чест на 500-годишнината од постоењето на Куманово ја преработи песната „Јовка Кумановка“.

Вечерта на празникот „11 Октомври“ 2019 година, истата и официјално беше претставена со видео запис во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, во чест на Денот на македонското востание.

Станува збор за уште една одлична преработка на стара македонска песна, со која Мартин и Стефан Филиповски ја продолжуваат приказната од нивните последни музички проекти, каде  преработија неколку стари македонски песни како „Нешто ќе те питам бабо“, „Слушам кај шумат шумите“ и „Ја излези Ѓурѓо“.

Инаку новиот аранжман повторно го потишува Николче Мицевски, а песната е снимена во студиото ХЛ на Дејан Момироски.

„Прошета се Јовка кумановка“ е пропратена и со видео запис кој го режираше Огнен Шапковски. Тој беше задолжен и за монтажата на спотот, додека зад камерата како директор на фотографија се потпишува Кристијан Теодоров, а сето тоа под капата на „Мелем продукција“.


[There are no radio stations in the database]