Прв студиски албум на Боб Дилан по 8 години!

Written by on јуни 23, 2020

Познатиот пејач и кантавтор Боб Дилан, го издаде својот нов албум со оригинални песни, прв по осум години.

Ова e неговиот 39. студиски албум и го носи насловот „Rough and Rowdy Ways”.

Албумот содржи десет песни, вклучувајќи ја и 17-минутната „Murder Must Foul“, негова најдолга досега песна– за убиството на Џон Кенеди .

Инаку, последниот албум на Дилан – „Tempest”, беше издаден 2012 година.

Во меѓувреме, тој објави уште три албума – „Shadows in the Nigh“ (2015), „Fallen Angels“ (2016) и „Triplicate“ (2017), но тие се состојат од преработки на песни од други автори.

Со својата 50-годишна кариера, Боб Дилан е сметан за една од највпечатливите фигури во рок-музиката. Според „Ролинг стоун“, тој е вториот најзначаен изведувач во историјата, по „Битлс”. Дилан во 2008 година ја доби Пулицеровата награда, а 2016., и Нобеловата награда за литература – „за создавање трајни поетски обележја во големата американска музичка традиција“, како што истакнаа тогаш организаторите.


[There are no radio stations in the database]