Прв проглас ! ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА – ДА СЕ ПРЕДАДЕМЕ !!!

Written by on декември 17, 2018

 

Прв проглас од нашата најпопуларна манифестација ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА

РАДИО БУБАМАРА го обзнанува слоганот за претстојното издание на ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА, кој гласи:

ДА СЕ ПРЕДАДЕМЕ!!!

Драги наши ОТРУЕНИ и ЗАПОСТАВЕНИ граѓани, доколку сè уште верувате дека има останато некој нормален во нашата држава – доаѓа денот кога можеме да се собереме и заедно да провериме, да се проветриме и да уживаме во најновото издание на ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА

Време е  ДА СЕ ПРЕДАДЕМЕ! – на музика, смеа и работа

Откако се ОДДАДОВМЕ – на лажење, крадење и НЕВЕРСТВА…

Ова е можност за просветлување и ВОСКРЕСНУВАЊЕ НА НАДЕЖТА

 

Како народ што си го бара своето, ќе Ве чекаме со камшик и Шик – пик – миг, па заедно со игра, песна и насмевки да ги поздравиме нашите најголеми уметници.

Ве молиме – немојте да бојкотирате, блокирате, манипулирате или да бегате за сите вас има по едно „седиште“ во СЕДИШТЕТО НА ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА.

Од нас добивте 22 години – па кој Ви има дадено повеќе?

ДА СЕ ПРЕДАДЕМЕ -НА  СМЕА,МУЗИКА, МУДРОСТ И РАБОТА!

Настанот ќе се одржи во ВИП Арената БОРИС ТРАЈКОВСКИ на 21 февруари 2019.

 


[There are no radio stations in the database]