По 22 години „Ласт експедишн“ се вратија со нов сингл

Written by on февруари 19, 2019

По цели 22 години издавачка апстиненција , култниот рокенрол состав „Ласт експедишн“  се враќаат со нов сингл.

Песната „Хеј хо“ , авторски ја потпишува Енко, аранжманот е на бендот, а истата е снимена во студиото “Тралала“ на Мите Димовски.

Новата песна има и нов видео запис во режија на Дарко Антоновски.

“Ласт експедишн“ е формиран во 1985 во скопско Ѓорче Петров.

Досега имаат четири албуми – „Интро“, „Изгубени ликови“, „Бокс“ и „Лајв А1“.

Во актуелниот состав на групата членуваат Енко (вокал), Сецко (гитара), Салпе (гитара), Драган Стојковски (бас) и Сашко Костов (тапани).

Во студиската сесија, басот го сними Славчо Пеев.


[There are no radio stations in the database]