По пет години „Ареа“ со нова песна и спот

Written by on ноември 8, 2018

Пет години откако ја промовираа песната „Запознај ме“, рок-бендот „Ареа“ има нова песна, „Зрак“.

За песната со електронски звук, музиката и аранжманот  ги направи Ивица Брчиоски, а текстот е на Ружица Милошеска Брчиоска.

„Ареа“ сними и видео за песната на неколку локации низ Македонија. Режисер на спотот е Кристијан Шемко.

Песната „Зрак“ ќе се најде на новиот албум на „Ареа“.


[There are no radio stations in the database]