Почнува 21- то издание на Таксират

Written by on ноември 28, 2019

Вечерва во Младински културен центар во Скопје, како увертира во 21. издание на фестивалот Таксират, ќе можете да проследите – ПИН музичка конференција & шоукејс, денови посветени на културата и уметноста.


Од 17 до19 часот во кино Фросина, ќе има панел насловен „Излажи ме!“, каде ќе се дискутира со градоначаникот на Скопје, Петре Шилегов и со претставници од културниот сектор: Васил Ѓуроски, Теодора Василевиќ, Костадин Шурбановски, Симона Димковска и Небојша Вилиќ.

Влезот е слободен.

Вечерта ќе биде музички збогатена со настапите на чешката џез-пијанистка Бара Змекова, српскиот артист Марко Луис и култните љубљанчани Боргезија, кои ќе настапат во Денсинг салата, почнувајќи од 20 часот и 45 минути.

Програмата е исклучително богата, па во наредните три вечери ќе има дури 24 концерти на музичари и бендови од цела Европа, а на следниот линк погледнете ја целосната програма

https://pinconference.mk/showcase-program/?fbclid=IwAR0PbDtoUd23FChaTUATCKjI7sjHBe_6cDDpZ_fgdz80yCBWdA5GUhHeTzk


[There are no radio stations in the database]