Почнува новото, рекордно издание на „Д Фестивал“ во Дојран

Written by on јули 6, 2018

Од денес, 6 јули до 8 јули во Дојран ќе се одржи осмото издание на „Д Фестивал“.

На четирите сцени во Дојран ќе настапат македонската група „Архангел“, популарниот диџеј Пол Ван Дајк и амстердамскиот бенд „Мај бејби“, Дуке Бојаџиев, Конкеринг лајон и уште педесетина други изведувачи.

Во посебно уредени зони на кампот се очекува да се сместат од 8.000 до 10.000 посетители. Организаторот „Пасворд продукција“ освен музичките настапи планира да се одржат и панел дикусии, предавања, филмски проекции, работилници, мултимедиумски презентации.

Викендов во Дојран се очекува да дојдат до 30.000 луѓе.

На следниот линк можете да ја погледнете целосната програма:

http://dfestival.mk/wp-content/uploads/2018/07/Programa-Mapa-DFestival2018.pdf


[There are no radio stations in the database]