Почина Ѓорѓи Желчески од легендарното дуо Селимова-Желчески

Written by on февруари 25, 2020

Пејачот Ѓорѓи Желчески од легендарното дуо Селимова-Желчески, почина вчера во Белград на 82 годишна возраст.

Ѓорѓи Желчески беше дел од легендарното дуо Селимова-Желчески, со долга успешна 60-годишна естрадна кариера, најпознати по нивната маестрална изведба на народните песни: “Елено, ќерко”, “Бело лице љубам јас”, “Врати ми се, љуби ме”, “Брала мома капини” итн…

Инаку, 2016-та година, Ѓорѓи Желчески, кој долги децении во Белград и во Србија ја афирмираше македонската народна музика и заедно со сопругата Кевсер Селимова беа вистински амбасадори на македонскиот мелос, на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ го добија највисокото признание – „ Награда за животно дело“.

Легендарниот фолк-дует започна да постои од 1961 година. Првиот албум за дискографската куќа “ПГП РТБ” го издадоа во 1973, а оттогаш имаат издадено 11 албуми и 11 сингл плочи, и секако албуми со преработки на македонски народни песни. На 15 ноември 2013 година, Селимова и Желчески одржаа концерт во Домот на АРМ, во Скопје, со кој го одбележаа јубилејот-пет децении творештво, а 2016-та година, легендите на македонската народна песна, се закитија со „Награда за животно дело“ на “Златна Бубамара” , која воедно им беше и прва награда од Македонија.

Да се потсетиме на настапот на легендарното дуо Селимова-Желчески на Златна Бубамара…


[There are no radio stations in the database]