Почина Шон Конери – легендарниот Џемс Бонд!

Written by on октомври 31, 2020

Прославениот шкотски актер Шон Конери почина денес на 90-годишна возраст, пренесува Би-Би-Си.

Тој беше првиот Бонд на големото платно и секако остана запаметен по улогата на славниот агент, кого го играше седум пати –  во секое продолжение од 1962-1983 година.

Глумеше и во филмовите „Нескршлив“, „Име на розата“, „Лов на црвен октомври“, „Индијана Џонс“, „Последната крстоносна војна“ и многу други.

Во 2000 година, од страна на Кралицата, Конери беше прогласен за витез.

Неговата актерска кариера траеше неколку децении,  беше награден со Оскар, две награди БАФТА и три Златни глобуси.

Во приватниот живот, има два брака позади себе.

Шон Конери се пензионираше и се повлече од јавноста во април 2011 година.


[There are no radio stations in the database]