Почина Питер Грин – коосновач на „Fleetwood Mac“ и автор на „Black Magic Woman“

Written by on јули 27, 2020

Питер Грин, кој заедно со Ерик Клептон, се сметаше за еден од најдобрите бели блуз-гитаристи, почина на 73-годишна возраст. Коосновач на британската група „Fleetwood Mac“, која во 1969 продаде повеќе албуми отколку „Битлси“ и „Ролинг стоунс“ заедно, Грин беше автор на најпознатите нивни хитови, вклучувајки ја и „Black Magic Woman“, која подоцна стана светски хит во изведбата на Карлос Сантана и „Албатрос“, сонувачкиот инструментал, кој се вивна на врвот на топ-листите во 1968 год.

 

Грин имаше се – изглед, талент и кариера пред себе. Критиката ја нагласуваше неговата потценета вокална изведба и брилијантноста на неговата гитара.  Големиот блуз гитарист ББ Кинг, еден од хероите на Грин, велеше: „Грин има најсладок звук што сум го чул кога и да е“.

Грин го напушти „Fleetwoode“ во 1970 поради нарушеното ментално здравје. Колку што беше познат по својата гитарска изведба, толку беше познат и како жртва на ЛСД (веднаш зад Сид Берет од Пинк Флојд).


[There are no radio stations in the database]