Почина музичката легенда Зоран Георгиев!

Written by on август 31, 2020

Музичката легенда, Зоран Георгиев, почина во 77-та година од животот во Белград.

Тој е еден од пионерите на македонската забавна музика, човек кој направи многу за македонската песна да биде слушната надвор од границите на нашата земја и пејач кој ни подари безвременски хитови.

Ќе остане запаметен по неповторливата песна „Еден бакнеж“, која ја изведе заедно со Нина Спирова и со која победи на фестивалот во Опатија во 1962 година.


Има освоено и прва награда на фестивалот „Скопје 70“ и за најмодерна песна, што ја изведуваше со Златко Голубовиќ, на „Белградската пролет 67“.

Успесите ги постигна и со мелодиите од филмот „Аламо“ и песните „Една солза“ и „ Драга мајко“.

Зад себе го остави компакт-дискот „Песните на мој начин“ и албумот со македонските староградски песни и бисери, во кој централното место го заземат песните „ Зајди, зајди“, од Александар Сариевски и „Еден бакнеж“.

Во 2012 година, на манифестацијата Златна Бубамара на популарноста, 50 години по фестивалот во Опатија, ја доби наградата „ЗЛАТНА БУБАМАРА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО“.

Георгиев и по толку години, ја остави македонската публика без здив со повторната изведба на “Еден бакнеж“.


[There are no radio stations in the database]